Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола кажа дека неговите фудбалери не смеат да си дозволат ниту еден кикс, ако сакаат да ја добијат борбата за титулата против Ливерпул.
Манчестер сити славеше со 3-0 против Брајтон и се врати на првото место на табелата, па сега имаат еден бод повеќе од Ливерпул на шест кола пред крајот на Премиерлигата.
„Не сме глупави. Ако одиграме нерешено или изгубиме со два бода, Ливерпул ќе биде шампион. Ако победиме во сите натпревари до крајот, тогаш дефинитивно ќе бидеме шампиони. Нè чекаат тешки натпревари и мораме да играме како против Брајтон, а ако не се случи тоа, тогаш ќе му честитаме на Ливерпул“, кажа Гвардиола.
Сити и Ливерпул сезонава одиграа два меча, кои завршија по 2-2, додека „црвените“ минатиот викенд победија во полуфиналето на ФА-купот со 3-2.