Гвардиола остана без „мозокот“ на екипата за дуелите против ПСЖ во ЛШ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити вчера загуби од Челси со 0-1 во полуфиналето на ФА-купот, а сега им претстои тешка битка во Лигата на шампиони (ЛШ) против ПСЖ во полуфинале.

„Граѓаните“ се на добар пат да ја освојат титулата во Премиерлигата, но Пеп Гвардиола треба да биде загрижен затоа што нема да може да смета на Кевин Де Брајне во ЛШ.

„Треба да одиме на медицински прегледи, но повредата не изгледа воопшто добро“, кажа Гвардиола по поразот на Манчестер сити.

Со оглед на тоа дека Де Брајне играше важна улога сезонава, тоа би бил тежок удар за „граѓаните“ во двомечот против парижаните.

Де Брајне сезонава одигра 35 натпревари и притоа постигна осум голови и 16 асистенции.