Гвардиола: Притисокот во Барселона е неподнослив!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави Ернандез најави дека ќе го напушти кормилото на Барселона по крајот на актуелната сезона, а веќе почнаа шпекулациите за тоа кој ќе биде негов наследник.

Барселона минатата недела загуби во шпанскиот Куп, а воедно беше поразена и од Вилјареал со 3-5.

Гвардиола на прес-конференција зборуваше за притисокот кој владее во Барселона додека сте тренер на екипата.

„Го разбирам Чави и ја поддржувам неговата одлука. Притисокот во Барселона е неподнослив. Барселона не може да се спореди со ниту еден друг тим во светот. Во Манчестер сити во моментов имам услови кои би ги посакал секој, атмосферата во тимот е одлична и добивам поддршка“, вели Гвардиола.