Гвардиола пронајде замена за Силва: Ќе успее ли Каталонецот да го реализира овој трансфер…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот кој има 33 години, Давид Силва, веќе доживеа поголеми работи кои се доживуваат во фудбалот и наскоро би можел да биде отпишан во Манчестер Сити.

Сепак, и натаму тој е еден од главните играчи на Манчестер Сити, но Пеп Гвардиола би можел полека да му пронајде замена за во иднина.

По зборовите на португалските медиуми, тоа ќе биде Жоао Феликс.

Фудбалерот на Бенфика игра фантастично оваа сезона, се работи за момче кое е брзо и е добар реализатор, а притоа има одличен дриблинг што можевме да забележиме во дуелите против Ајнтрахт.

Јувентус, Реал Мадрид и Барселона се заинтересирани за овој фудбалер кој има откупна клаузула од 120 милиони евра.

Еден од плановите на Манчестер Сити е продажбата на Жезус за да не го нарушат финансискиот фер-плеј и би го донеле ова момче.