Гвардиола: Сакам да бидам селектор, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола има договор со премиерлигашот до јуни 2025 година, а многумина ги интересира каде сака да ја продолжи кариерата.

Гвардиола кажа дека сака да стане селектор и да предводи некоја репрезентација во иднина.

„Ме привлекува работата како селектор. Мислам дека имам квалитет да предводам репрезентација, но не знам кога би се случило тоа. Имам договор со Манчестер сити до 2025 година, сите опции се отворени“, кажа Гвардиола.

Шпанските медиуми пишуваат дека Гвардиола планира да ја преземе „црвената фурија“ по Мундијалот во 2026 година.