Гвардиола се премислил за својата иднина во Манчестер сити!?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Пеп Гвардиола има договор со Манчестер сити до крајот на сезоната, но постојано се шпекулира дека ќе замине од „Итихад“.

Британските медиуми, сепак, пренесуваат најнова вест дека Гвардиола се премислил и ќе остане уште една сезона во премиерлигашот.

„Телеграф“ објави дека двете страни се блиску до потпишување на едногодишна соработка, што значи дека Гвардиола ќе остане во Манчестер сити до јуни 2026 година.

Гвардиола го тренира премиерлигашот од 2016 година и испиша историја во клубот од Манчестер откако освои 19 титули за осум години.