Гвардиола во необично издание – со пура и алкохол направи шоу! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити ја освои титулата во Премиерлигата, а до крајот на месецот ги очекува и борба за трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Граѓаните“ имаат една од најдобрите сезони во историјата на клубот, зашто досега освоија две титули, а можат да добијат и трета.

Пеп Гвардиола и сезонава го предводеше тимот на најдобар можен начин и дојде на чекор со клубот да ја освои ЛШ за првпат во историјата на екипата.

По освојувањето на титулата, Гвардиола и останатите членови на стручниот штаб организираа прослава, при што тренерот го забележавме во необично издание.

На социјалните мрежи се појави снимка од Гвардиола со неофицијалната химна на Манчестер сити, а притоа пиеше алкохол и пушеше пура.