Хабиб испрати порака до Мекгрегор по поразот од Порие


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конор Мекгрегор доживеа повреда во првата рунда од борбата против Дастин Порие, па победата ја доби Американецот.

Борбата на УФЦ 264 настанот во Лас Вегас со големо внимание ја следеше Хабиб Нурмагомедов, кој навиваше за Порие.

По тоа што му се случи на Мекгрегор, Хабиб преку социјалните мрежи испрати порака до својот голем ривал.

„Доброто секогаш го победува злото. Многу сум среќен поради Порие, се надевам дека ќе го добие појасот до крајот на годината“, напиша борецот од Дагестан.

На крајот победата му припадна на Порие, па така Американецот ја доби втората од двете борби против својот противник од Ирска.

Американецот беше подобар на отворањето, па неколку пати успеа да го изненади Мекгрегор, но сепак Ирецот сам си пресуди.