„Хабиб? Ќе се обидам да му го сменам личниот опис!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следниот викенд ќе се одржи УФЦ 254 настанот во кој главен ќе биде дуелот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Џастин Гејџи.

Двата ривали се познати по одличните техники, а Гејџи има и други начини да се бори против Нурмагомедов.

„Влогот е голем. Ова може да ми го промени животот. Да излезам и да победам? Тоа го менува животот целосно. Подготвен сум и може да се обложите дека нема да испаднам кукавица. Ќе излезам во рингот и ќе се обидам да му го сменам личниот опис, ви ветувам. Во моментов тој човек е тешко да се победи. Ќе биде мотивиран, но верувам дека може да победам. Ако добие осум чисти удари, навистина верувам дека не може да претрпи таква штета“, вели Гејџи.