Хабиб може да ужива во пензијата – доби огромна сума на пари!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако беше пресметана заработката од „пеј пер вју, Хабиб Нурмагомедов заработи повеќе од првите суми кои беа објавени.

Хабиб во последната борба во кариерата го победи Џастин Гејџи при што заработи 3,1 милион долари, но сега на тие пари е додадене дополнителна сума.

Борецот од Дагестан беше феноменален на последната борба и успеа да го совлада ривалот во втората рунда, па сега ќе биде побогат за шест милиони евра.

Нурмагомедов ја заврши кариерата со 29 победи и ниту еден пораз во кариерата, а доби и дополнителен бонус од УФЦ во износ од 90.000 долари.

Поразениот Американец доби мала сума на пари, односно „само“ 400.000 долари.