Хабиб објави слика со која покажа дека се борел со скршено стапало ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хабиб Нурмагомедов го совлада Џастин Гејџи во неговата последна борба во кариерата, која ја заврши непоразен со 29 триумфи.

Дагестанецот се борел против Гејџи со скршено стапало, а тоа по борбата го потврди и претседателот на УФЦ, Дена Вајт.

Многумина не му поверуваа на Вајт во неговата изјава и сметаа дека сакал само да го испофали Хабиб, но сега Дагестанецот тоа го докажа на Инстаграм.

Хабиб пред две недели го скршил стапалото и прстот на левата нога, но и тоа не го спречило да тренира и на крајот да го совлада ривалот од Америка.

Дагестанецот исто така ја фотографирал ногата во случај некој да не му верува и сега објави по бробата како изгледало неговото стапало по повредата.