Хабиб покрај скршено стапало имал уште еден голем проблем!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на УФЦ, Дена Вајт откри дека Хабиб Нурмагомедво пред три недели имал скршено стапало и два прсти.

По импресивниот настап и победата против Џастин Гејџи, Вајт го пофали Хабиб, но кажа дека борецот од Дагестан имал сериозна повреда.

„Кога ќе ја погледнете неговата реакција на мерењето, како се однесуваше кога влегуваше во рингот. Тој не изгледаше како себе, длабоко дишеше.. Сепак, сите бевме среќни да гледаме како се бори против Гејџи.“, вели Вајт.

Во меѓувреме се појави информација дека во текот на борбата Хабиб имал заушки, заразна вирусна инфекција која ги фаќа децата и се смета за детска болест.

Хабиб мина низ многу проблеми, а неодамна остана и без татко, па поради него успеа да слави во последната борба и ја заврши кариерата со 29 триумфи и ниту еден пораз.