Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хајдук и Динамо в недела играат дерби на „Полјуд“ во рамките на 15. коло на ХНЛ. Двата ривала го дочекуваат дербито во не баш најдобар момент, особено гигантот од Загреб кој во средата беше поразен од Борусија Дортмунд со 0-3 на Максимир и имаат проблеми поради отсуството на неколку клучни играчи.
Динамо немаше добри резултати во првенството на Хрватска од самиот почеток на сезоната, но за среќа на Модрите, ниту Хајдук не блеска. Тимот од Сплит главно со тешкотии доаѓаат до победи дури и тогаш кога се апсолутни фаворити, но со Италијанецот Џенаро Гатузо на клупата моментално се на врвот на табелата.
Италијанецот е омилен откако дојде во Сплит, најмногу поради својата страст, но и поради својата поврзаност со клубот и навивачите. Така беше и порано, додека уште работеше во Италија. Од 2015. до 2017. година ја водеше Пиза во Серија Б.
Умберто Еусепи има 35 години и сега е капитен на Самбенедетезе во Серија Д, а фудбалерот роден во Тиволи играше за Пиза кај Гатузо.
„Уште се чувствувам како дете, но во личниот документ пишува дека имам 35. Ме повика по телефон и рече: Умберто, јас сум господин Гатузо. А јас му реков: Ма да, и јас сум… Па измислив некое име. Не можев да верувам дека навистина е тој. Кога повтори: Умберто, јас сум Гатузо, тогаш разбрав дека навистина е тој. Би го следел секаде. Да ми речеше да скокнам од балкон, ќе скокнев. Дури и ако сè не оди најдобро на почетокот, подоцна сфаќаш дека направи добри работи. Се скарав со него по два дена, но тоа е едноставно тој, не толерира ништо и не штеди никого”, кажа Умберто.