Хакими одбил премиерлигаш и откри зошто потпишал за ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ го имаше најдобриот преоден рок во последните 10 години и на прв поглед изгледа дека францускиот гигант има тим од соништата.

Меѓу играчите кои стигнаа на „Паркот на Принцовите“ се Серхио Рамос и Лионел Меси меѓу другите, но и одличниот Ашраф Хакими кој беше платен 60 милиони евра.

Одличниот бек имал понуда и од Челси, меѓутоа реши да се пресели во Париз, а една од причините за тоа е муслиманската заедница во француската престолнина.

„Една од причините поради кои дојдов во Париз е заедницата на арапските муслимани. Знам дека ќе се чувствувам како дома. Сите пораки кои ги примив ме натераа да се чувствувам посакувано тука. Имав интуиција да дојдам во Париз, да бидам среќен тука. ПСЖ е голем клуб и го почитувам тоа како ме сакаат луѓето“, вели Хакими.