„Халанд и Мбапе би биле одлични партнери во Реал Мадрид“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Лотар Матуес го гледаше својот поранешен тим кој се соочи со Фрајбург, а по мечот даде краток коментар за медиумите.

Матеус зборуваше за многу теми, како што е германското првенство, Лигата на шампиони, но и за Реал Мадрид од кој не е импресиониран сезонава.

„Кралевите“ во претходните години ги загубија Серхио Рамос, Кристијано Роналдо, Рафаел Варан и други играчи, па Матеус смета дека „кралевите“ мора да купат нови ѕвезди.

„Реал Мадрид го губат карактерот без Рамос. Тој е одличен фудбалер, но не е ист без таков лидер во екипата. Халад би можел да заврши во Баерн Минхен, но дефинитивно би бил подобар во Реал Мадрид ако е партнер со Килијан Мбапе“, вели Матеус.

Матеус, исто така, смета дека фаворити за трофеј во Лигата на шампиони се премиерлигашот заедно со Баерн Минхен.