Халанд ја доби наградата за најдобар млад фудбалер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерлинг Халанд, фудбалерот на Борусија Дортмунд, ја освои наградата „Златно момче“ за 2020 година. Талентираниот Норвежанец во минатата година, прво во Салцбург, а потоа и во Борусија продолжи да напредува и да игра врвно.

„Тутоспорт“ по гласањето нја експертите го прогласи Халанд за најдобар, а тоа не е чудно затоа што на 11 меча за Борусија постигна исто толку голови.

Халанд минатата зима за 20 милиони евра се пресели од Салцбург во Борусија и тоа се покажа како полн погодок на германскиот гигант.

Пред Ерлинг, наградата во претходните години ја добиваа Килијан Мбапе во 2017, Матијас де Лихт во 2018 и Жоао Феликс за минатата година.

Мбапе во 2017 година од Монако се пресели во ПСЖ и се наметна како главна ѕвезда, Де Лихт од Ајакс се пресели во Јувентус, а Феликс од Португалија се пресели во Атлеитко Мадрид.