Халанд на крајот на сезоната го напушта Дортмунд и се сели во Англија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот норвешки напаѓач Ерлинг Халанд ја воодушеви спортската јавност со своите игри оваа сезона.

Халанд покажа фантастични партии за првиот дел од сезоната во дресот на Салцбург и го продолжи истото во Борусија Дортмунд, за што потпиша во почетокот на 2020 година.

Норвежанецот потпиша соработка со Дортмунд до летото 2024 година, но постигна договор со клубот дека може да оди доколку дојде до него понуда што ќе биде примамлива за него, со откупна клаузула за него од 75 милиони евра.

Јасно е дека ќе биде примамлив овој 19-годишен напаѓач доколку продолжи да покажува вакви игри, а како што пренесува „Мирор“, тој веќе е на радарот на Манчестер Сити.

На „Етихад“ свесни се дека наскоро ќе треба да најдат замена за Серхио Агуеро и наводно Халанд ќе биде првиот избор. Но, дали Сити ќе се обиде да го донесе Норвежанецот веќе на крајот на оваа сезона останува да се види.

Халанд досега има одиграно 27 натпревари за Салцбург и Дортмунд оваа сезона, постигнувајќи дури 36 голови на сите натпреварувања во кои има играно.