Халанд не му е доволен на Пеп: Манчестер сити троши 127 милиони евра за ново засилување!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер сити направи еден од најголемите трансфери летово, откако го купи Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, но тука не мисли да запре Пеп Гвардиола.

„Граѓаните“ наскоро треба да се разделат со Габриел Жесус, кој преговара со Арсенал, како и Рахим Стерлинг, кој е на чекор до Челси, а Гвардиола сака да добие уште еден талентиран фудаблер.

Изборот паднал врз португалскиот фудбалер од редовите на Атлетико Мадрид, а тоа е Жоао Феликс за кој Манчестер сити планира да понуди 127 милиони евра.

Феликс минатата сезона настапи на 34 меча за Атлетико и постигна 16 голови, па Гвардиола сака да го добие одличниот фудбалер за следната сезона.

Ова не треба да биде последно засилување за „граѓаните“ затоа што на листата со желби се наоѓа и голманот на Арминија, Стефан Ортега.