Халанд продолжува да ги тероризира мрежите, нови два голови во првенствен натпревар за Борусија Дортмунд (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Екипата на Борусија Дортмунд славеше убедлива победа против Келн од 5:1, а повторно во центарот на вниманието беше Ерлинг Халанд.

Младиот норвешки напаѓач во игра влезе во 65. минута од натпреварот и за 25 минути поминати на теренот успа да ги постигне последните два гола за Борусија Дортмунд.

Ова е втор натрпевар на Халанд во дресот на „милионерите“ и веќе стигна до петтиот погодок во новиот клуб.

Останатите голови за Дортмунд ги постигнаа Џејдон Санчо, Марко Ројс и Гереро.