Халанд се збогуваше од Дортмунд: Ми беше чест да го носам овој дрес (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Дортмунд ја затвори сезоната со победа од 2-1 во германската Бундеслига, а норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд постигна еден гол и потоа се збогуваше со навивачите.

Халанд им се заблагодари на навивачите за поддршката, по што се збогуваше со нив затоа што од следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер сити.

„Ми беше чест да го носам овој дрес. Со Борусија Дортмунд имавме незаборавни моменти, запознав посебни луѓе, а навивачите секогаш беа 12. човек на теренот. Ви благодарам“, напиша Халанд.