Халеп: Изненадена сум од одлуката, ме суспендираа иако не најдоа допинг!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тенисерката од Романија, Симона Халеп е изненадена од одлуката за суспензија по случајот со допинг.

Халеп беше суспендирана до 2023 година, а тоа не ѝ се допадна и најави дека ќе се бори за правда.

„Кога ја добив одлуката, бев во шок. Не можев да верувам дека сум суспендирана на четири години, иако не најдоа допинг кај мене. Луда е оваа одлука. Нема докази. Ова е катастрофа затоа што не очекував вакво нешто. Секогаш внимавав што внесувам во телото и никогаш не земав нешто без да проверам“, кажа Халеп.

Да потсетиме, романската тенисерка е казнета поради позитивен допинг тест на Ју-Ес Опен во 2022 година.