Халеп разочарана: Не згрешив ништо, а ќе морам да ја завршам кариерата


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Романската тенисерка Симона Халеп служи четиригодишна суспензија поради допинг од октомври 2022 година, а на почетокот на февруари 2024 година треба да добие одлука за нејзината жалба.

Судот за спортска арбитража треба да реши дали Халеп направила неправилности поради кои треба да е казнета.

„Четири години чекање се многу. Не знам што ќе се случи. Ако одговорот е негативен, тоа ќе значи крај на мојата кариера. Знам дека не згрешив ништо, чиста сум“, кажа 32-годишната Халеп.