Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хамес Родригез одигра скромна сезона досега за Реал Мадрид. Тој се надеваше дека ќе успее во шпанскиот гигант по враќањето од позајмица, но постигна само еден гол и една асистенција.
Родригез откри дека трансферот во Мадрид му е една од најлошите одлуки во кариерата, но за тоа ја обвинува и управата на „кралевите“.
„Минатото лето не сакаа да ме пуштат во клубот во кој сакав да заминам. Тие сакаа да одам на друго место. Стануваше збор за понуда од еден шпански клуб, чие име не сакам да го откријам. Немав избор освен да останам во Мадрид.мојот агент ме извести дека дојде понуда и од Кина, но јас не сакам да одам таму“, кажа Родригез.
Родригез има договор со Реал до 2021 година, па летово „кралевите“ може да се обидат да заработат нешто од негова продажба.