Хамилтон доби нова „сребрена стрела“ со која ќе брка рекорд!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот шампион во конструктори, Мерцедес го претстави новиот болид за 2022 година, кој се нарекува В13 Е Перформанс.

Ф1 влегува во нова ера затоа што од годинава ќе се применуваат нови технички правила, а интересно е тоа што Луис Хамилтон реши да вози и сезонава, иако имаше шпекулации дека ќе се повлече.

Хамилтон за медиумите кажа дека никогаш не кажал дека ќе се пензионира, па затоа не му е јасно од каде се појавиле шпекулациите.

„Никогаш не кажав дека ќе се откажам. Го правам тоа што сакам и моја желба е да бидам дел од Мерцедес. Но, ми беше тешко, морав да бидам со семејството. Тогаш решив дека пак ќе ја нападнам титулата“, кажа Хамилтон.