Хамилтон доби расистички навреди поради инцидентот со Ферстапен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Британецот Луис Хамилтон беше мета на расистички напади на социјалните мрежи по победата на трката за Големата награда на Велика Британија, а тоа го осудија од Формула 1 и Меѓунардоцната автомобилистичка федерација (ФИА).

Седумкратниот светски шампион славеше вчера на Силверстон, а трката ја одбележа неговиот удар во болидот на Ферстапен, кој мораше порано да ја заврши трката.

„Во текот и по вчерашната трка за Големата награда на Велика Британија, Хамилтон беше жртва на голем број расистички напади на социјалните мрежи. Формула 1, ФИА и Мерцедес најостро го осудуваат таквото однесување“, вели Хамилтон.

Возачот на Ред Бул по трката го критикуваше однесувањето на Хамилтон, кој не покажа почит и ја славеше победата на Силверстон, иако претходно можеше да настрада неговиот ривал.