Хамилтон е најбрз на првиот тренинг, Ветел петти


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на првиот тренинг пред Формула 1 трката за Големата награда на Франција.

Хамилтон постигна резултат од 1: 32,738 минути, додека втор беше неговиот колега Ботас со 0.069 секунди зад, додека на третото место беше возачот на Ферари, Чарлс Леклерк, кој имаше заостанување од 0,373 секунди.

Четвртата позиција ја завзема Макс Верстапен од Ред Бул со 0.880 секунди заостанување, а петти беше германецот Себастијан Ветел со преку секунда заостанување (1.052).

Вториот тренинг е утре во 15 часот, во сабота се вози третиот тренинг (12-13ч.), а квалификацииите во саботата (15-16), а трката е на програма во недела од 15.10.