Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон го прекина молкот кој траеше од трката во Абу Даби на која ја изгуби титулата од возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен.
Од тој момент почнаа шпекулациите дека Британецот ќе се пензионира и ќе ја заврши кариерата во Ф1, сепак тој ќе си даде уште една шанса да го урне рекордот на Михаел Шумахер.
Хамилтон на неговиот профил на Твитер објави фотографија со опис, кој ги реши сите дилеми за неговата иднина.
„Ме немаше, ама се враќам!“, напиша британскиот возач.
Победникот на 103 трки во „најбрзиот циркус“ мислеше на враќање во Ф1, а тоа го потврди и Мерцедес на официјалниот профил на Твитер.
"I'm back." 🙏 pic.twitter.com/Or6ioJyAME
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) February 5, 2022