Хамилтон го продолжи договорот со Мерцедес до 2023 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон го продолжи договорот со Мерцедес до 2023 година, а веста пристигна пред квалификациите за Големата награда на Австрија.

Хамилтон со потписот на нов договор ги израдува сите навивачи на британскиот возач, кој сезонава води жестока битка за титулата со Макс Ферстапен од Ред Бул.

Доколку успее да биде прв на крајот на сезоната, тогаш Хамилтон ќе го урне рекордот на Михаел Шумахер од седум шампионски титули.

Британските медиуми објавија дека вредноста на двегодишниот договор е 35 милиони евра по сезона, односно Мерцедес ќе му исплати 70 милиони на Хамилтон.

Сега кога е решена иднината на Хамилтон, Тото Волф и соработниците мора да решат дали Валтери Ботас ќе остане втор возач или ќе го замени 23-годишниот Џорџ Расел од Вилијамс.