Хамилтон одговори по нападите од Ферстапен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Трката за Големата награда на Велика Британија ја одбележа инцидент на Макс Ферстапен и Луис Хамилтон во првиот круг кога возачот на Ред Бул го искрши болидот.

Ферстапен имаше водство по стартот и Хамилтон во еден свиок го удри возачот на Ред Бул, кој излета од патеката, но немаше посериозни повреди.

Хамилтон доби казна само од 10 секунди затоа што беше виновен, иако сите очекуваа многу поголема, па Ферстапен го нападна и кажа дека не било фер Британецот да слави зашто претходно испратил ривал во болница.

„Денеска се потсетивме колку е опасен овој спорт. Му посакувам брза рехабилитација на Макс, кој е неверојатен натпреварувач. Мило ми е што е добар. Секогаш ќе се натпреваруваме жестоко, но треба да бидеме фер. Сон е да се победи пред домашната публика“, напиша Хамилтон.