Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон смета дека новиот болид на Мерцедес е различен од минатогодишниот и дека ќе му треба време да се прилагоди.
Хамилтон вчера го возеше новиот Мерцедес „В10“ на патеката во Барселона, а тестираше различни гуми, како и останати карактеристики.
Пред него во Мерцедес возеше Валтери Ботас, а двајцата возачи имаа слично време од 1:20.00+.
„Добро е враќањето во болидот и гледам дека автомобилот оди лесно. Сепак, чувствувам голема разлика со минатогодишниот болид и треба да се запознаеме. Морам да го разберам балансот во возењето, но на тоа работиме. Првиот ден од тестовите беше позитивен. Ни останува да научиме нови работи за болидот и да работиме на тоа“, вели Хамилтон.
Техничкиот директор на Мерцедес, Џејмс Алисон, исто така беше задоволен со првите тестирања.
„Првиот ден со нов болид е секогаш возбудлив. Двајцата возачи го почуствуваа моделот, а ние успеавме да извозиме многу кругови. Дознавме како се однесуваат гумите и како реагира болидот на промените“, вели техничкиот директор.
Најбрз на првите претсезонски тестови во Барселона беше возачот на Ферари, Себастијан Фетел со време од 1:18.425. А зад него заврши Серхио Переез од Рејсинг Поинт, кој имаше време од 1:19.944.
Трет на тестовите беше поранешниот колега на Фетел, односно Кими Раиконен со својата Алфа Ромео, кој имаше и мало излетување, но се врати на патеката со време 1:20.160.