Хамилтон сè уште има трауми од трката во Абу Даби во 2021 година


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Британскиот возач Луис Хамилтон сè уште не може да се помири со поразот до Макс Ферстапен во Абу Даби во 2021 година, кога во последниот круг Холанѓанецот си ја обезбеди титулата.

Трката помина со многу спорни моменти, по што првиот човек на ФИА, Мајкл Маси беше сменет од позицијата.

„Иако работев на случајот, ми требаше цела година за да излезам од таа трка и да се вратам на работа. Сè уште имам лузни и трауми од Абу Даби и тоа ќе остане засекогаш“, кажа Хамилтон.

Хамилтон во 2021 година ја пропушти шансата да ја освои осмата шампионска титула и да стане најдобар во историјата во Ф1.