Ханси Флик ја остави титулата во Баерн Минхен: „Баварците“ и официјално шампиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен ја продолжува доминацијата во германскиот фудбал откако денеска по победата над  Вердер во Бремен и математички ја обезбедија титулата во Бундеслигата.

„Баварците“не одиграа којзнае колку добро на гостувањето во Бремен, но одиграа доволно за да слават победа и да се одлепат на 10 бода во однос на Борусија Дортмунд.

Баерн Минхен славеше со 1:0, а единствениот погодок на натпреварот го постигна Роберт Левандовски во 31. минута.

До крајот на сезоната за Баерн остануваат уште две кола, а потоа ги очекува и финалето од Купот кое го играат против Баер Леверкузен.