Хаос во Америка: Играчот на Њујорк Ред Булс со топка „нокаутира“ навивач на Кансас, па си доби „по носот“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тепачка пред самиот крај на натпреварот.

Во големото дерби Спортинг Кансас Сити пред своите навивачи ремизираше против Њујорк Ред Булс со резултат од 2:2.

Спортинг и Њујорк Ред Булс одиграа одличен натпревар на кој видовме дури четири погодоци и црвен картон на самиот крај на мечот кој ги „занеме“ сите на теренот.

Имено, во 94тата минута дојде до тепачка помеѓу играчите нa овие тимови откако играчот на гостинскиот тим Ромеро со топката намерно ги гаѓаше домашните навивачи, а потоа, настана хаос на теренот.

Судијата едвај успеа да ги „смири страстите“, а на Ромеро му додели директен црвен картон и му го покажа патот до соблекувалната. Резултатот не се промени и остана 2:2 се до крајот на натпреварот.