Хаос во Динамо Загреб по поразот во Приштина: Ѝ се извинувам на цела Хрватска!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Динамо Загреб се посрамоти на гостувањето кај Балкани во Приштина, каде што загуби со 0-2, а тоа предизвика хаос во Хрватска.

Тренерот Сергеј Јакировиќ мораше да ѝ се извини на цела Хрватска, па дури и да најави негово заминување од кормилото на Динамо.

Јакировиќ најверојатно ќе го напушти клубот од Загреб по 10 натпревари и три болни порази.

„Ова е заслужен пораз. Ѝ се извинувам на цела Хрватска и на навивачите. Преземам одговорност. Се обидовме да го извлечеме максимумот, но тие беа подобри од нас. Ова ми е најтешкиот пораз во кариерата. Ова е срамота“, кажа Јакировиќ.