Хаос во Тирана: 20 повредени навивачи, 60 уапсени, двајца полицајци во тешка состојба (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вистинска граѓанска војна беше забележана на улиците на Тирана пред финалето во Конференциската лига, која на програмата е вечерва од 21 часот меѓу Рома и Феенорд.

Навивачите на двата тима се степаа пред натпреварот во близина на стадионот, а притоа реагираше полицијата и локалното население.

Албанските медиуми објавија дека еден Албанец е тешко повреден од страна на навивачи, а уште двајца полицајци се исто така во болница.

Хулиганите од Холандија уништиле и еден полициски автомобил, но и фановите на Рома имале жестока пресметка со полицијата, па притоа морал да биде искористен солзавец.