Харден и Ирвинг му пресудија на Сакраменто во триумфот на Бруклин 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бруклин нетс синоќа на гости триумфираа против Сакраменто кингс со 136-125, а повторно одлични во победата беа Кајри Ирвинг и Џејмс Харден.

Нетси уште тогаш направија двоцифрена предност и имаа скоро 20 поени предност во однос на Кингси. До крајот гостите рутински го приведоа натпреварот кон крај и славеа со 136:125.

Во дресот на Бруклин блескаше Џејмс Харден кој запиша трипл-дабл.Харден постигна 29 поени и додаде уште 14 асистенции и 13 скокови. Ирвинг беше поентерски фантастичен затоа што постигна дури 40 поени. Кај Сакраменто најефикасен беше Хасан Вајтсајд со 26 поени.

Треба да се истакне дека Лос Анџелес Клиперси славеа против Мајами со 125:118, додека Јута со 134:123 беше подобра од Филаделфија.

РЕЗУЛТАТИ: Индијана – Чикаго 112:120, Вашингтон – Хјустон 131:119, Њујорк – Атланта 123:112, Јута – Филаделфија 134:123, Голден Стејт – Кливленд 129:98, Клиперси – Мајами 125:118, Сакраменто – Бруклин 125:136.