Харден ја доби најголемата парична казна во НБА


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кошаркарот на Филаделфија, Џејмс Харден доби казна од 100.000 долари поради навредите кон спортскиот директор на клубот, Дерил Мореј.

Харден го навреди Мореј и му кажа дека е „лажго“ затоа што му пропадна трансферот во друга екипа.

„Дерил Мореј е лажго и никогаш нема да бидам дел од организацијата во која ќе учествува тој“, кажа Харден.

НБА веднаш презема мерки против американскиот кошаркар, кој со оваа изјава најави дека нема да ги исполни неговите обврски кон Филаделфија и му изрече казна од 100.000 долари.

Засега не е познато што ќе се случи со Харден, но сè поверојатно е дека ќе го напушти клубот и ќе си ја бара среќата на друго место.