Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денвер Нагетс продолжуваат со променливите настапи оваа сезона, запишувајќи го својот осми пораз од почетокот на натпреварувањето во НБА лигата.
Во дербито против Лос Анџелес Клиперс, Денвер загуби во неизвесна завршница, и покрај блескавата партија на Никола Јокиќ. Српскиот центар утрово испиша историја со својот 138. трипл-дабл, израмнувајќи го рекордот на легендарниот Меџик Џонсон.
Јокиќ го заврши мечот со извонредни 28 поени, 14 скокови и 11 асистенции, но дури ни ваквиот перформанс не беше доволен за да се избегне пораз на гостувањето кај Клиперс (122-126). Од друга страна, Џејмс Харден ја презеде улогата на херој за Лос Анџелес. Со 39 поени, 9 скокови и 11 асистенции, Харден не само што ја доби директната битка со Јокиќ, туку и го предводеше својот тим до победа.