Харден во проблеми: НБА-лигата и Хјустон почнаа истрага против „брадата“! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, Џејмс Харден повторно се наоѓа во проблеми затоа што НБА-лигата почна истрага против него.

Харден се наоѓа под истрага поради снимка, која е направена во еден стриптиз клуб, а на неа се гледа како не ги почитува епидемиолошките мерки.

НБА заедно со Хјустон почнаа истрага поради снимката, а Харден претходно се бранеше дека видеото е снимено многу одамна.

„Секогаш има нешто. Бев на забава со пријатели, не во стриптиз клуб. И тоа сега е проблем. Секој ден нешто друго. Не можете моето име да го привлекувате кон дното без оглед колку се обидувате. Вистината секогаш излегува на површина“, кажа Харден.