Хау: Ова е неправда, судијата не требаше да досуди пенал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Њукасл беше на чекор до победа во Париз против францускиот гигант ПСЖ, но прими гол од контроверзен пенал во завршницата од натпреварот.

Сите се убедени дека главниот судија направил грешка бидејќи топката прво удри во телото на Ливраменто, а потоа се одби во неговата рака.

„Ова е неправда, тоа не беше правилна одлука според мене. Има многу работи кои треба да се земат во предвид во тој момент. Топката прво удира во неговото тело, па потоа во раката. Но неговата рака не е во неприродна положба. Мислам дека тоа беше лоша одлука, но сега не може ништо да направиме“, кажа тренерот Еди Хау.