Хаверц: Со Потер имам слобода во мојата игра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси славеше во дуелот против Бормут со 2-0 на „Стемфорд бриџ“ и конечно победи по пет меча без славје во Премиерлигата.

Еден од головите го постигна германскиот репрезентативец Каи Хаверц, а потоа му асистираше на Мејсон Маунт за водство од 2-0.

Хаверц по натпреварот кажа дека му е мило што му помогнал на тимот, а кажа дека причина за тоа е и тренерот Грем Потер кој му дал слобода.

„Потер ми дава слобода да правам сè што сакам на теренот и се чувствувам сигурно. Сакам да играм слободно и со самодоверба“, вели Германецот.