Хендерсон го „отпиша“ Де Хеа од Јунајтед: Реал и ПСЖ подготвуваат понуди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давид Де Хеа со години го брани голот на Манчестер јунајтед, меѓутоа оваа сезона го загуби стартното место меѓу стативите од страна на Дин Хендерсон.

„Дејли Мејл“ пишува дека Де Хеа ќе замине од клубот, а меѓу заинтересираните тимови за неговиот потпис се ПСЖ, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Шпанскиот голман во актуелната сезона бранеше на 29 меча и прими 37 голови, а на почетокот на март доби специјална дозвола да го напушти тимот поради приватни причини.

Реал Мадрид и ПСЖ будно ја следат ситуацијата, но сепак гигантите ќе мора да понудат околу 40-50 милиони евра ако сакаат да го добијат потписот на шпанскиот голман, а проблем е и неговата плата, која изнесува 440.000 евра неделно.