Херој на Македонија: Сопругата му се бореше во болница, а тој ја урна Германија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски синоќа го напушти теренот со насмевка на лицето.

Ангеловски и неговите избраници синоќа остварија победа од 2-1 против големата Германија.

„Што да ви кажам, не можам од емоции и среќа… Ги направивме Македонците среќни и горди. Ова е како пласман на Европско првенство“, кажа Ангеловски.

Селекторот откри и дека неговата сопруга била во болница.

„Сопругата ми е во болница, имаше симптоми на корона, но јас дојдов тука со момците затоа што ми ветија дека ќе се слави. И ја победивме Германија. Што да кажам повеќе, ми останува само да заплакам“, вели селекторот.