Хет-трик на Винисиус: Реал Мадрид на бразилски погон ја декласира Барселона (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид славеше со 4-1 против вечниот ривал Барселона во финалето на Суперкупот.

Винисиус Жуниор блесна во првото полувреме и за 39 минути постигна хет-трик против Каталонците, додека за гостите стрелаше само Роберт Левандовски.

Победата на „кралевите“ ја потврди Родриго во 64. минута кога ја затресе мрежата на Барселона за конечни 4-1.