Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ЦСКА Москва не сака многу да го менува ростерот за следната сезона, а во прилог на тоа оди и информацијата дека денес после Витали Фридзон, договорот со рускиот клуб го продолжи и Кори Хигинс.
Америчкиот крилен кошаркар потпиша договор до 2016-2017-та и така тргна по постапките на Нандо Де Коло, Виктор Хријапа и Ивор Лазаров.
„Многу ми е мило што останав во оваа организација. Се радувам на новата сезона“, изјави Хигинс.
27-годишниот кум на легендарниот Мајкл Џордан минатото лето од Газиантеп стигна во ЦСКА и во првата сезона ја освои Евролигата и ВТБ лигата.
Минатата сезона имаше учинок од 9.9 поени, 2.1 скок и 1.7 асистенции по натпревар.