Хјустон го губи Харден: „Брадата“ доби понуда која не се одбива?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејмс Харден би можел кариерата да ја продолжи во Бруклин нетс. Познат новинар објави дека Бруклин подготвил интересна понуда до Хјустон за да го добие искусниот кошаркар.

Според информациите раководството на Бруклин понудило четири пика од првата рунда на НБА-драфтот, како и три дополнителни пика во следните драфтови.

Исто така, се очекува и Филаделфија да испрати понуда, а ќе видиме што се подготвени тие да понудат.

Оваа сезона Харден во просек постигнува по 24,8 поени и 10,4 асистенции по натпревар.