Холивудски актер  претставен во Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико Мадрид вчера на својата конференциска сала ја претстави холивудската ѕвезда Мет Дејмон.

Познатиот американски актер, сценарист и продуцент ја посети Шпанија со цел да го промовира својот нов филм „Борнов идентитет“,  а своето доаѓање го искористи и да ги посети стадионите меѓу кои беше и Висенте Калдерон.

Холивудската звезда на стадионот на Атлетико Мадрид го дочекаа бројни членови на управата на клубот, но и поедини играчи, меѓу останатите Фелипе Луиз кој пред присустните новинари се сликаше со 46-годишниот актер.

Дејмон, кој е познат како голем љубител во фудбалот, за спомен доби и дрес од Атлетико Мадрид.