Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер кажа дека екипата бара замена за Серхио Перез кој има договор до 2024 година.
Мексиканецот веќе три години му е колега на Макс Ферстапен и втор возач ан тимот, но неколку лоши ситуации во сезоната го загрозија неговото место во тимот.
„Разгледавме неколку опции. Први на листата се Цунода, Рикардо и Лосо, но следиме и други возачи“, кажа Хорнер.
Хорнер му даде комплимент и на Ландо Норис од Мекларен, но кажа дека тој не бил реална опција за Ред Бул.
„Ландо е одличен возач, но не е реално негово доаѓање кај нас“, вели Хорнер.