Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот возач Карлос Саинц би можел да биде кандидат за второто место во Ред Бул, кое најверојатно ќе биде празно следната сезона затоа што завршува договорот на Серхио Перез.
Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер одговори на шпекулациите дека Јуки Цунода би можел да биде втор возач на тимот.
„Сè уште е многу рано да се размислува за тоа. Сакаме да обезбедиме најдобар можен пар возачи. Понекогаш мора да погледнете подалеку од шпекуалциите. Во Мелбурн победи многу брз возач, кој нема тим за следната сезона“, кажа Хорнер.