Храбар потег на Тен Хаг – активира клаузула од 120 милиони евра за напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ерик Тен Хаг и Манчестер јунајтед нема да мируваат следната година на трансфер-маркетот и веќе се размислува за потенцијални засилувања на екипата.

По заминувањето на Кристијано Роналдо, Тен Хаг бара негова замена и итно му е потребен напаѓач, а очигледно за време на Мундијалот следел неколку фудбалери.

Гончало Рамош е желба на „црвените ѓаволи“, а тој во мечот од осминафиналето против Швајцарија почна од првата минута наместо Роналдо и постигна хет-трик.

Рамош има договор со Бенфика до 2026 година, а неговата откупна клаузула изнесува 120 милиони евра и Тен Хаг е подготвен да ја активира.

Сè уште не е познато дали овој Португалец би се преселил на „Олд Трафорд“ во јануари или тоа ќе биде следното лето, меѓутоа „ѓаволите“ се заинтересирани за неговите услуги.